In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Maj - Денови на полското наследство во Република Северна Македонија

26.04.2024

l

                По повод државниот празник „Донесување на Уставот на Република Полска“

                На 27 април 2024 г. организираме трка и пикник за полските државјани кои живеат на територијата на Република Северна Македонија.

                На 11 мај 2024 г. во 12 ч. во Градскиот парк, на сцената „Школка“, организираме концерт насловен „Шопен под отворено небо“, каде ќе настапи македонскиот познат пијанист Дино Имери. Концертот е од отворен тип, на кој се поканети сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

                Во рамки на Деновите на полското наследство го одбележуваме и месецот на полска литература со продолжување на проектот „Полска на полица“ и дарување на книги од полски автори на библиотеките низ земјата.

                Организираме конкурс за деца на возраст од 5-12 години кои ќе треба да нацртаат книжевен лик од книга од полски автор која ќе ја прочитаат и за возрасните читатели кои ќе треба да напишат рецензија на прочитана книга од полски автор. Детали за учество на конкурсот можете да ги прочитате на официјалната веб страница на Амбасадата или на фејсбук профилот.

                Организираме средби со автори:

                За возрасни:  на 13 мај 2024, во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје средба со Војќех Јагиелски (пред средбата во 18.30 часот ќе се одржи отворање на изложбата на дипломски трудови на студентите од Академијата за ликовна уметност во Краков)

                За деца: на 16 мај 2024, во 17 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје средба со Роксана Јенджејевска – Врубел

                изложба на детските цртежи од конкурсот (по завршување на истиот, во јуни).

 

                На 23 мај 2024 г. во 11 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ-Скопје), Амбасадата на Република Полска во Скопје во соработка со Добредојде Македонија го организираат настанот „Polish tea/coffee  morning“.

 

 

Ве покануваме заедно да ги прославиме Деновите на полското културно наследство.

{"register":{"columns":[]}}