Средбата со претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ
09.03.2023
На 8 март 2023 амбасадорот Војциех Тицињски се сретна со претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Разговорот се однесуваше на полско-македонската соработка, вклучително и меѓународната ситуација на Северна Македонија, перспективи за нејзината интеграција во ЕУ, како и внатрешната политичка ситуација во земјата. Соговорниците разговарaа и за варијанти на развојот на политичката ситуација во контекст на планираните измени на Уставот и како и за следните парламентарни избори.