In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Северна Македонија

Дипломатските односи меѓу Република Полска и Македонија биле воспоставени на 28 декември 1993 година како резултат на размената на дипломатски ноти помеѓу министрите за надворешни работи Анджеј Олеховски и Стево Црвенковски.

Во текот на периодот на современите билатерални односи, тие се карактеризираат со високо ниво, без спорови. Полска ужива голема симпатија во С.Македонија, што резултира, меѓу другото, и од историските аспекти - помош за Македонците за време на граѓанската војна во Грција, учество на Полјаците во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, заслугите на полските научници и лингвисти за македонскиот јазик. Македонската страна ја гледа Полска како доверлив партнер во процесот на вестернизација на земјата, а полската страна ја гледа Македонија како важен сојузник во регионот на Западен Балкан.

Билатералната соработка не се развива само во политичката област. Интензивно се имплементира во областа на економијата (податоците и статистиките во оваа област се објавени од страна на Министерството за развој и технологија), културата и науката. Важна улога во нивното интензивирање имаат полските универзитети, каде што работат катедрите за македонски студии и Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", каде полските студии се нудат на Филолошкиот факултет од 1959 година. Покрај тоа, бројот на полските туристи во С.Македонија и македонските студенти на полските универзитети се зголемува од година во година.

Билатералните односи покажуваат нагорен тренд, за кој ДКП-а се директно одговорни - Амбасадата на Република Полска во Скопје и Амбасадата на С.Македонија во Варшава.

{"register":{"columns":[]}}