Back

Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина

24.08.2026

Сесијата на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина

По повод Националниот празник на Украина, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора учествуваше на сесијата на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во своето обраќање, Ополномоштен Министерот Бримора го истакна стратешкото значење на победата на Украина за безбедноста на Европа во целина. Тој ја нагласи сеопфатната поддршка што Европската Унија ѝ ја обезбедува на Украина и ѝ се заблагодари на Северна Македонија за поддршката што ѝ ја дава на Украина. Тој потсети дека Полска уште од самиот почеток на руската агресија ги отвори своите врати за украинските граѓани и денес е меѓу земјите што ѝ обезбедуваат најголема поддршка на Украина. Во Полска денес легално живеат и работат повеќе од еден милион Украинци.

Полска останува солидарна со Украина и цврсто ја поддржува нејзината борба за слобода и суверенитет, како и за безбедноста на цела Европа.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}