Средба со заменик министерката за европски прашања
03.02.2025
За време на средбата беше нагласено длабокото и искрено пријателство меѓу Полска и Северна Македонија, засновано на долгорочни пријателски врски. Беа разгледувани полското претседавање со Советот на ЕУ и приоритетите поврзани со проширувањето на Европската Унија. Беше обрнато внимание на напредокот во реформите во Северна Македонија и потврдено дека Полска ќе продолжи да ја поддржува земјата во нејзините напори за целосно членство во Европската Унија.