Back

Семинар „Сеќавање, разбирање, иднина“ за млади лица од Западен Балкан, Полска и Германија

10.12.2024

1

На 10 декември започнува следното издание на семинарот „Сеќавање, разбирање, иднина“ во Кжижова и Вроцлав, на кој ќе учествуваат младинци од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, но и од Полска и Германија.

Целта на семинарот е да се презентираат искуствата од полско-германското примирје по Втората светска војна, за да може да биде инспирација за учесниците кои го претставуваат граѓанското општество на нивната земја, да ги надминат поделбите и со меѓусебно разбирање да изградат заедничка европска иднина.

Овогодинешниот семинар е четврто издание на овој проект – а минатите се одржаа во периодот од 2017-2019 година. Во 2020 година, семинарот беше прекинат поради пандемијата. Организацијата на семинарот во 2024 година е овозможна благодарение на заедничката иницијатива на Министерствата за надворешни работи на Полска и Германија.

Иницијативата за повторно активирање на проектот беше забележана и истакната во „Заедничката декларација за потврдување на добрососедските односи и регионалната соработка по повод 10-годишнината од Берлинскиот процес“, усвоена за време на самитот во Берлин  на 14 октомври, погоре документот ги охрабрува земјите да ги поддржат младинските иницијативи како што е „обновената полско-германска иницијатива за Западен Балкан во Кжижова/Крајсау“ и да ја поддржат младинската размена и примирјето меѓу младите од Западен Балкан и земјите партнери.

https://www.berlinprocess.de/uploads/documents/joint-declaration-on-reaffirming-good-neighbourly-relations_1728992512.pdf

 

 

Повеќе информации на страницата на Фондацијата Кжижова:

 

https://www.krzyzowa.pl/pl/o-fundacji/aktualnosci-1/4850-remembrance-understanding-future-seminarium-dla-uczestniczek-i-uczestnikow-z-krajow-balkanow-zachodnich-polski-i-niemiec-krzyzowa-wroclaw-10-17-grudnia-2024

{"register":{"columns":[]}}