Back

Средба на Ополномоштен Министер Мариуш Бримора со Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити

31.07.2026

Средба на Ополномоштен Министер М. Бримори со градоначалникот на општина Чаир И. Меџити

На 31 јули годинава, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора оствари протоколарна средба со градоначалникот на Општина Чаир во Скопје, г. Изет Меџити. Средбата беше, пред сѐ, можност Ополномоштен Министер да му изрази благодарност на Градоначалникот за неговата иницијатива за поставување на спомен-плочата посветена на Адолф Ќиборовски, која беше свечено откриена на 26 јули годинава во Старата скопска чаршија. Ова значајно историско и културно јадро на Скопје претставува една од најпосетуваните туристички атракции во градот и е особено популарно кај странските посетители, вклучително и туристите од Полска.

За време на средбата беа разгледани и предлози и иницијативи за натамошна соработка во областа на културата и уметноста, со посебен акцент на проекти поврзани со зачувувањето и промоцијата на наследството што полските архитекти и урбанисти го оставиле во Скопје.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}