Back

Повик за аплицирање за Стипендиската програма „Стефан Банах" на НАВА за 2026 година

21.04.2026

NAWA BANACH

Ве известуваме дека на 13 април 2026 година Националната агенција за академска размена (NAWA) објави повик за пријавување кандидати за учество во Стипендиската програма „Стефан Банах“.

Рок и начин на аплицирање:

Апликациите се поднесуваат на полски или англиски јазик, исклучиво преку електронскиот систем на NAWA:

https://programs.nawa.gov.pl/login⁠�

Крајниот рок за пријавување е 8 мај 2026 година до 15:00 часот (средноевропско време).

Важно: Повикот може да се затвори и порано доколку се достигне максималниот број на апликации за одделни групи земји.

Кој може да аплицира?

Програмата е наменета за државјани на следните земји:

Албанија, Ангола, Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бразил, Црна Гора, Филипини, Грузија, Индија, Индонезија, Ирак, Иран, Јордан, Казахстан, Кенија, Косово, Либан, Северна Македонија, Мексико, Молдавија, Монголија, Нигерија, Палестина, Папуа Нова Гвинеја, Перу, Руанда, Сенегал, Србија, Танзанија, Тунис, Украина, Узбекистан и Виетнам.

Дополнителни информации:

Деталниот повик со сите услови е достапен на:

https://nawa.gov.pl/.../the-banach.../call-for-proposals

Што нуди програмата?

Програмата обезбедува стипендија за редовни магистерски студии (втор циклус), кои се реализираат на полски или англиски јазик, на универзитети во Полска што се под надзор на Министерството за наука и високо образование (MNiSW) и имаат договор со NAWA.

Кандидатите:

самостојно избираат студиска програма

аплицираат директно на избраните универзитети

NAWA не учествува во процесот на запишување на студии.

Јазик и подготвителни курсеви

За студии на полски јазик е можно претходно да се посетува едногодишен подготвителен курс (финансиран со стипендијата).

За студии на англиски јазик е обезбеден дополнителен курс по полски јазик и култура.

Потребна документација:

Апликантите треба да достават доказ дека аплицирале на избрана студиска програма (на пример: потврда за апликација, писмо за прифаќање или одлука за прием).

Ова не важи за кандидатите кои избираат подготвителен курс.

Јазични услови:

Потребно е познавање на јазикот на кој ќе се одвиваат студиите:

минимум B2 ниво

или B1 ниво ако се аплицира за подготвителен курс.

Контакт:

За дополнителни информации, можете да се обратите на:

banach@nawa.gov.pl

Фотографии (1)

{"register":{"columns":[]}}