In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Поткаст "Извонредни полски жени" за Денот на жената и не само тоа

08.03.2025

1

Новите епизоди од поткастот за познати полски жени, презентирани на англиски јазик од Министерството за надворешни работи на Полска, сега се достапни на сите популарни платформи за стриминг. 
Оваа колекција ги истакнува жените чиј што труд, страст и одлучност донеле значителни промени во Полска и пошироко.
Запознајте ги поблиску животите на:

  • Марија Семијонов – истакнат пионер во хирургијата
  • Кристина Хојновска-Лискиевич – првата жена што самостојно го обиколи светот со едрилица
  • Ирена Сендлер – социјална активистка која спасила многу еврејски деца за време на Втората светска војна
  • Ана Валентинович – легендарна фигура на „Солидарност“, социо-политичко движење кое го иницира падот на комунизмот во Европа
  • Вислава Шимборска – добитничка на Нобеловата награда за литература
  • Суфражистките – првите жени-пратеници во Полска
  • Марија Склодовска-Кири – физичарка и хемичарка, единствена жена што два пати ја добила Нобеловата награда
  • Ванда Руткевич – првата жена што го освоила најопасниот планински врв на светот – К2
  • Олга Токарчук – добитничка на Нобеловата награда за литература
  • Олга Бознанска – призната уметничка
  • Халина Конопацка – првата жена што освоила златен медал во атлетика на Олимписките игри
  • Јанина Левандовска – првата жена во Европа што скокнала со падобран од висина од пет километри и првата жена пилот во Полските воздушни сили
  • Марија Шимановска – една од првите жени-композитори во Полска
  • Кристина Скарбек – тајна агентка од Втората светска војна
  • Магдалена Абаканович – позната по своите уникатни скулптури од текстил, изложени во водечките светски галерии
  • Лидија Морауска – физичарка експерт за истражување на квалитетот на воздухот
  • Хелена Моджеевска – една од првите светски познати актерки од Полска
  • Уршула Дуџјак – првата пејачка во светот што користела трансдуктори и живо вокално лупирање
  • Тамара Лемпицка – една од најистакнатите уметнички од 20от век
  • Антонина Жабинска – заедно со својот сопруг спасила речиси 300 Евреи за време на Втората светска војна

Достапна е и бесплатна онлајн публикација со приказни за 10 од овие неверојатни жени.
Дознајте како овие извонредни жени ја обликувале историјата и продолжуваат да инспирираат генерации! Слушајте сега на Spotify, Apple Podcasts, Deezer и YouTube!

Видео

{"register":{"columns":[]}}