Back

Свечено откривање на спомен-плоча во чест на Адолф Ќиборовски во Скопје

26.07.2026

Свеченото откривање на спомен-плочата во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски во Старата скопска чаршија

Конзулката на Република Полска, Јустина Броцка, денес присуствуваше на свеченото откривање на спомен-плочата во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Ќиборовски во Старата скопска чаршија.

Спомен-плочата е поставена како признание за неговиот исклучителен придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, како и за неговата заложба за зачувување на Старата скопска чаршија - едно од најзначајните обележја на историјата, културата и идентитетот на градот.

Овој настан претставува значаен израз на почит кон делото на Адолф Ќиборовски и уште една потврда за долгогодишното полско-македонско пријателство и соработка.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}