Back

Посета на делегација од Сејмот на Република Полска на Северна Македонија

26.10.2026

Потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонјо Милошоски

Полска делегација, предводена од потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, престојуваше во официјална посета на Северна Македонија.

Во составот на полската парламентарна делегација беа и пратениците Павел Шлиз, претседател на Полско-македонската парламентарна група, и Томаш Глоговски, претседател на Полско-балканската парламентарна група.

За време на посетата, полската делегација оствари средби со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонјо Милошоски, како и со членовите на Парламентарната група за соработка со Парламентот на Република Полска. На средбите присуствуваа претседателката на Групата, Даниела Николова, и нејзините членови Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

На средбите се разговараше за унапредување на билатералната соработка преку парламентарната дипломатија, како и за процесот на европска интеграција, со посебен акцент на евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

Во рамките на посетата, полската делегација се сретна и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски. На средбата беа разгледани можностите за соработка со полски компании од одбранбената индустрија.

Фотографии (8)

{"register":{"columns":[]}}