Back

Прослава на Националниот празник на независноста во полскиот воен контингент КФОР

11.11.2024

6

Во согласност со традицијата, претставник на Амбасадата на Република Полска во Скопје учествуваше на свеченоста организирана од полскиот воен контингент КФОР по повод Националниот празник на независноста. Оваа година, на покана од Командантот, полковник Војчех Будиш, посета на Камп Ново Село и Камп Филм Сити оствари В.Д. Амбасадорката Ана Каспшак. Во рамките на прославата беа доделени државни одликувања на избрани војници и офицери. На настанот учествуваа и претставници на други контингенти, како и раководството на мисијата.

Фотографии (10)

{"register":{"columns":[]}}