Back

Промоција на спомените на првиот македонски амбасадор од мисијата во Варшава

28.02.2025

1

На 28 февруари, Културниот центар „Кочо Рацин“ во Скопје организираше промоција на најновата книга на првиот македонски амбасадор во Полска, Петре Наковски. „Ноќни белешки“ е запис на неговата дипломатска мисија во Варшава во периодот 1995-1999 година. Амбасадорот ден по ден ги бележел настаните од неговиот професионален и приватен живот во тој период, со што придонел за единствена историја на почетоците на полско-македонските дипломатски односи и клучните настани во Полска и Северна Македонија во тие години.

Петре Наковски најголемиот дел од својот живот го поврзал со Полска. Таму израснал и студирал. Тој е и ценет преведувач на полската литература на македонски јазик. За својата работа е одликуван со Командирскиот крст на Орденот за заслуги на Република Полска и со орденот Bene Merito.

 

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}