Back

Средба со Г-ѓа Јулија Ќиборовска во Полската Амбасада во Скопје

27.07.2026

Г-ѓа Јулија Ќиборовска беше примена од страна на Полномошниот министер Мариуш Бримора

На 27 јули, г-ѓа Јулија Ќиборовска, внука на истакнатиот полски урбанист Адолф Ќиборовски, ја посети Амбасадата на Република Полска во Скопје. Г-ѓа Ќиборовска беше примена од Ополномоштен Министер Мариуш Бримаора.

Средбата беше можност да се одбележи и потсети на значајниот придонес на Адолф Ќиборовски во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, како и на неговата клучна улога во зачувувањето на Старата скопска чаршија.

Како дополнително признание за неговото исклучително дело, беше откриена и спомен-плоча во негова чест, со која се оддава почит на неговиот траен придонес во обновата и развојот на Скопје.

Фотографии (2)

{"register":{"columns":[]}}