Back

Средба со директорот на Театар Комедија и благодарност за досегашната соработка

04.08.2026

Средба со директорот на Театар Комедија и благодарност за досегашната соработка

Ополномоштен Министер Мариуш Бримора го прими во Амбасадата г. Дарко Спасов, кој деновиве го завршува својот мандат како директор на Театар Комедија - Скопје.

Средбата беше можност да му се изрази благодарност за исклучителната соработка меѓу Театар Комедија и Амбасадата на Република Полска. Во рамките на оваа соработка, театарот, меѓу другото, ја постави македонската премиера на драмата „Ивона, принцеза од Бургунд“ од Витолд Гомбрович. Со поддршка и заложба на Амбасадата, Театар Комедија доби покана да учествува на овогодишниот Меѓународен фестивал „Гомбрович“ во Радом, Полска, каде што на 11 октомври ќе настапи токму со ова драмско дело.

Фотографии (2)

{"register":{"columns":[]}}