Back

Свечено завршување на учебната година во Училиштето за полски јазик

08.06.2024

s

Во сабота, 8 јуни 2024г, во Младинскиот центар Матично се означи крајот на учебната 2023/24 година на Училиштето за полски јазик.

За време на свеченоста децата изведоа краток рецитал, а потоа Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик на сите ученици им врачи дипломи и полски книги.

По официјалниот дел, децата заедно со родителите, се упатија на слатко честење во Градскиот парк.

Срдечно се заблагодаруваме на децата и родителите за активно учество во часовите, на г-а Анета за ангажманот и одржувањето на атрактивни часови по полски јазик, а на г. Јордан Самарџиски од полско-македонското здружение за култура „Вардар“, за помош во организација на школото.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}