Средба на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија во Скопје
28.02.2025
На 27 и 28 февруари оваа година во Скопје се одржа средба на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. Оваа година, средбата беше 23-та по ред.
За време на пленарната сесија, која ја отворија копретседателите на комитетот, Иванка Василевска и Карло Реслер, зборуваа: министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Михаилис Рокас и ополномоштен министер Мариуш Бримора, како претставник на Полското претседателство со Советот на ЕУ.
Подоцна на средбата беше организирана дебата за фундаменталните права, особено во однос на етничките малцинства и слободата на говорот, како и за владеењето на правото и борбата против корупцијата.
За време на посетата на Скопје, делегацијата на Европскиот парламент оствари средби со повеќе претставници на највисоките власти на Северна Македонија, вклучувајќи го премиерот, претседателот на парламентот, шефот на дипломатијата и лидерите на поединечни политички партии.