Конференција за промоција на полскиот прехранбен сектор во Северна Македонија
27.11.2025
Конференцијата за промоција на полскиот прехранбен сектор во Северна Македонија беше организирана во соработка со Полската агенција за инвестиции и трговија (PAIH). Настанот претставуваше одлична платформа за воспоставување соработка, размена на искуства и продлабочување на економските односи меѓу нашите земји.
Свеченото отворање на конференцијата го изврши ополномоштен министер Мариуш Бримора, кој ги поздрави присутните гости. Имавме чест да го угостиме државниот секретар во Министерството за земјоделство и рурален развој, господинот Јацек Черњак, кој оствари билатерален разговор со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, господинот Албрим Хоџа.
На настанот учествуваше раководителот на трговската канцеларија PAIH во Софија, господинот Кшиштоф Пшилуцки. Својата понуда ја претставија многу полски компании, меѓу кои Амплус, Бацувка, Адикам, Маспекс, Мулино, Лестело и Игтолекс.
Се надеваме дека организацијата на конференцијата ќе придонесе за понатамошно зајакнување на соработката во агро-прехранбениот сектор и развојот на партнерските економски односи помеѓу Полска и Северна Македонија.