Back

Средба со директорот на Музејот на современа уметност

17.08.2026

Ополномоштен министер Мариуш Бримора се сретна со директорот на Музејот на современа уметност во Скопјe, Авни Ќахили

Денес, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора оствари средба со директорот на Музејот на современата уметност во Скопје, Авни Кахили. На средбата се разговараше за продолжување на соработката и за натамошно зајакнување на односите меѓу Полска и Северна Македонија преку културата и уметноста.

Музејот претставува извонреден симбол на полско-македонската солидарност. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, неговата модерна зграда ја проектираа истакнати полски архитекти, познати како „Варшавски тигри“. Изградбата на музејот беше подарок од Полска за Скопје, како придонес кон обновата на градот по земјотресот. Во Музејот се чува и единствена колекција од повеќе од 200 дела на полската уметност од XX век, што ги донирале полски уметници. Во фокусот на денешната средба беа плановите за организирање изложба на избрани дела од оваа вредна полска колекција во Музејот на современата уметност во Скопје.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}