Back

Полска вечер како завршница на Фестивалот на планински филм ЕХО

30.10.2026

Ополномоштен министер Мариуш Бримора придружуван од г-дин Пјотр Кжижановски и организаторите на фестивалот ЕХО

Годинешното издание на Фестивалот на планински филм ЕХО во Скопје заврши со полска вечер, чиј специјален гостин беше Пјотр Кжижовски – еден од најистакнатите полски алпинисти, кој досега има искачено 11 врвови повисоки од 8.000 метри. Тој е познат по искачувањата без употреба на дополнителен кислород, често во соло стил, без поддршка од висински носачи и шерпски тимови.

Гостите на фестивалот ги поздрави Ополномоштен Министер Мариуш Бримора, кој ја истакна важноста на културната соработка и на претставувањето на полските достигнувања и успеси на меѓународната сцена.

Особено нè радува континуираната соработка со Фестивалот на планински филм ЕХО, како и можноста пред македонската публика да претставиме нови истакнати личности од Полска, нивните достигнувања и инспиративни приказни.

Полската вечер беше достојна завршница на годинешното издание на фестивалот и уште една можност за промоција на полскиот хималаизам, како и за зајакнување на културните врски меѓу Полска и Северна Македонија.

Фотографии (8)

{"register":{"columns":[]}}