Состанок со заменикот министер за европски прашања
25.11.2024
В. д. амбасадорката Ана Каспшак на 25 ноември се сретна со г-ѓата заменик министер за европски прашања Викторија Трајкова. Разговорот беше посветен на подготовките на Полска за преземање на претседателството со Советот на ЕУ во првата половина од 2025 година. Полската страна потврди дека во тој период ќе продолжи да ги поддржува европските аспирации на Северна Македонија и пренесе дека политиката на проширување на ЕУ ќе биде еден од приоритетите за време на полското претседателство. Македонската администрација смета на сеопфатна помош од Полска, вклучувајќи експертска поддршка, реализирана преку специјализирани полски институции со искуство во преговарачкиот и пристапниот процес.