Back

Потпишување на договор за реализација на развоен проект 2026

11.06.2026

Ополномоштен Министер Мариуш Бримора со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Во Амбасадата на Република Полска во Скопје, на 11 јуни годинава, беше потпишан договор за реализација на овогодишниот развоен проект, финансиран од средствата на Одделот за развојна соработка при Министерството за надворешни работи на Република Полска. Оваа година ќе ја поддржиме Општата болница во Кочани преку набавка на современа медицинска опрема за гинеколошкото одделение. Вредноста на проектот изнесува 48.000 евра.

Реализацијата на овој проект токму во Кочани и поддршката на локалната заедница имаат особено значење. Во март 2025 година, во дискотека во овој град се случи трагичен пожар во кој животот го загубија повеќе од 60 лица, додека десетици повредени сè уште се лекуваат и рехабилитираат. Веднаш по трагедијата, Република Полска им пружи помош на настраданите, овозможувајќи дел од повредените да бидат транспортирани на специјализирано лекување во Источниот центар за лекување на изгореници и реконструктивна хирургија во Лечна, Полска.

Минатогодишната трагедија го насочи вниманието на јавноста кон бројните предизвици со кои се соочуваат жителите на Кочани и соседните општини, а кои произлегуваат од долгогодишното недоволно инвестирање во повеќе области од јавниот сектор. Токму затоа решивме да дадеме поддршка на здравствениот систем. Со опремувањето на болницата со нова медицинска опрема ќе се подобри пристапот на граѓаните до здравствените услуги, како и нивниот квалитет.

Договорот за реализација на проектот го потпишаа Ополномоштен Министер Мариуш Бримаура, и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}