Back

Работилници по повод Свети Никола за деца од полската дијаспора

06.12.2025

5

На 6 декември годинава Амбасадата на Република Полска во Скопје организираше „Миколајски кулинарски работилници“ за децата од полонијата. На овогодинешното издание, под водство на професионални слаткари, беа подготвени и украсени традиционални божиќни медењаци.

На овој ден не изостана и посетата од Дедо Мраз. Сите учесници на работилницата добија симболичен подарок. Атмосферата беше исполнета со празнична радост и насмевки меѓу најмладите членови на македонската Полонија.

Им благодариме на сите учесници за активното учество и за заедничкото кулинарско доживување!

Фотографии (6)

{"register":{"columns":[]}}