Back

Средба со претставници на полскиот бизнис и инвестицискиот сектор

04.09.2026

Средба на ополномоштен министер Мариуш Бримора со претставници на полскиот бизнис и инвестицискиот сектор

Денес, во Амбасадата на Република Полска во Скопје, се одржа средба на Ополномоштен Министер Мариуш Бримора со група претставници на полскиот бизнис и инвестицискиот сектор.

Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно унапредување на полско-македонската економска и инвестициска соработка, како и за воспоставување и зајакнување на деловните контакти меѓу компаниите и претприемачите од двете земји.

Посетата на претставниците на полскиот бизнис и инвестицискиот сектор се вклопува во активностите насочени кон развивање и зајакнување на полско-македонската бизнис мрежа, како и кон создавање нови можности за соработка за полските компании и инвеститори на пазарот во Северна Македонија.

Средбата беше можност за размена на искуства, претставување на инвестициските планови и разговор за потенцијалните области за идна соработка.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}