Back

Состанок со младите учесници на семинарот во Полска

04.02.2025

1

Во декември 2024 година, млади луѓе од Западен Балкан, вклучувајќи тројца млади македонци, учествуваа на семинарот „Сеќавање, разбирање, иднина“, организиран заедно од министерствата за надворешни работи на Полска и Германија и
Фондацијата Крижова во Полска. Заедно со своите полски и германски колеги, разговараа за вредности како што се помирување и почитување на соседите, а сите овие теми беа илустрирани со лекции од полско-германската историја. Неколку недели подоцна, по враќањето од Полска, македонските учесници на проектот се сретнаа со Ополномоштен Министер на полската амбасада и германскиот Амбасадор во Скопје. Примениот извештај ја потврдува огромната вредност на целиот проект, кој сигурно ќе го продолжиме и во иднина.


 

Фотографии (2)

{"register":{"columns":[]}}