Back

Средба со претседателот на Советот на Град Скопје

06.08.2026

Средба со претседателот на Советот на Градот Скопјe

По покана на претседателот на Советот на Град Скопје, проф. Даме Димитровски, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора ја посети Градската управа на Скопје. На средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката во повеќе области, меѓу кои културата и заштитата на животната средина.

Меѓу другото, беше договорено Градот Скопје, преку полската дипломатска мисија, да воспостави контакт со надлежните власти во Краков, со цел да се запознае со програмите и мерките што се применуваат во Полска во борбата против загадувањето на воздухот. Потсетувајќи на помошта што Полска му ја пружи на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, на средбата беше договорено и организирање симпозиум од областа на урбанизмот, на кој ќе учествуваат полски научници и стручњаци.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}