Back

Малгожата Шумовска и Михал Енглерт наградени на 26. издание на Скопје Филм Фестивал

04.11.2026

 режисерка Маłгожата Шумовска и на полскиот кинематографер и режисер Михаł Енглерт

Во Македонскиот народен театар се одржа свеченото отворање на 26. издание на Фестивалот на филм во Скопје. Настанот собра бројни истакнати филмски автори, актери, политичари и дипломати.

Централен настан на вечерта беше историското, прво доделување на фестивалската награда „Златна Скополија“, наменета за филмски автори кои дале исклучителен придонес во развојот на светската кинематографија. Оваа година, признанието им припадна на полските филмски уметници Малгожата Шумовска и Михал Енглерт.

По свечената церемонија, фестивалот беше отворен со проекцијата на нивниот најнов филм „Идиотите" ("The Idiot(s)“), во кој главните улоги ги толкуваат Џони Флин и Ејми Лу Вуд. Филмот е заедничко режисерско остварување на Малгожата Шумовска и Михал Енглерт, кој воедно ја потпишува и кинематографијата. Наградата за полскиот режисерски тандем уште еднаш го потврди значајното присуство и придонесот на полските уметници на меѓународната филмска сцена.

Фотографии: Скопје филм фестивал

Фотографии (7)

{"register":{"columns":[]}}