Back

Концерт по повод Националниот празник - 3 Мај

11.05.2026

Извонредниот пијано-рецитал на полска класична музика во изведба на Павел Ковалски

На 11 мај, во Националната филхармонија во Скопје се одржа свеченост организирана од Амбасадата по повод Денот на Уставот од 3 Мај. Централен настан на вечерта беше извонредниот пијано-рецитал на полска класична музика во изведба на Павел Ковалски. На концертот беа изведени дела од Игнаци Јан Падеревски, Фредерик Шопен, Војчех Килар и Кшиштоф Комеда, создавајќи незаборавна вечер посветена на промоцијата на полската култура и музика.

На настанот присуствуваа околу 250 гости, меѓу кои претставници на дипломатскиот кор, полската заедница во земјата, како и претставници на локалниот бизнис-сектор.

Во официјалниот дел пред концертот, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора одржа краток историски осврт за потеклото и значењето на Уставот од 3 Мај, осврнувајќи се и на современите демократски процеси и членството на Полска во Европската Унија.

Фотографии (8)

{"register":{"columns":[]}}