Потпишување на договори за развојни проекти во Косово
28.10.2024
Амбасадата на Република Полска во Скопје, како дел од својот конзуларен мандат во Скопје и како дел од полската програма за развојна помош, спроведува и развојни проекти во Косово. Оваа година проектите беа фокусирани на поддршка за косовските училишта.
На 28 октомври оваа година беа склучени договори за набавка на компјутерска опрема во училиштето во Хани и Елезит и во училиштето во Штрпце. Компјутерите се наменети за да им помогнат на учениците во секојдневното учење и наставниците соодветно да ги подготвуваат материјалите за лекциите. Предвидено е проектот да биде завршен кон крајот на ноември или почетокот на декември, годинава.