Back

Учество на Полска на Фестивалот за планински филм

23.10.2024

1

Амбасадата на Република Полска во Скопје е традиционален партнер на Фестивалот за планински филм ЕХО, кој што се одржува секоја година, наесен во Скопје.

Оваа година гостин беше планинскиот репортер и режисер Освалд Родриго Переира. Неговиот последен филм за експедицијата на Хималаите беше прикажан на 23 октомври во Кинотека.

Притоа, многубројната публика учествуваше на предавањето на полскиот гостин, кое заврши со низа прашања за неговата кариера, работа и планови за иднината.

Во 2025 година планираме да ја продолжиме соработката со организаторите на фестивалот.

Фотографии (3)

{"register":{"columns":[]}}