Прием по повод Националниот празник на независноста
12.11.2025
Националниот празник на независноста го одбележавме во Скопје со свечен прием, чиј почесен гостин беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Меѓу нашите гости беа и претставници на македонското Собрание, Владата, МНР, локалната самоуправа и медиумите. Во голем број присуствуваа и пријателите на нашата Амбасада, полската дијаспора, како и претставници на ПКВ КФОР и мисијата на ЕУЛЕКС.
Обезбедивме посебна атмосфера за оваа церемонија – химните испеа незаменливиот хор „Ансамбл МАКЕДОНИЈА“, а знамето го обезбеди ПКВ КФОР.
Во својот говор, ополномоштениот министер Мариуш Бримора се осврна на нашата борба за независност и нè потсети дека таа не е дадена еднаш засекогаш. Затоа, особено во услови на многу геополитички предизвици, меѓународната солидарност и соработка се многу важни, а тие се присутни во изобилие во односите меѓу Полска и Северна Македонија.
Оваа посебна вечер беше поддржана од нашите спонзори – ЛОТ Полски Авиолинии, Винаријата Попова Кула и AСЕЕ / Ассеко Полска, за што уште еднаш срдечно Ви благодариме!
Да живее слободна и независна Полска!!!