Премиера на театарската претстава „Тестостерон" во Велес
27.03.2026
Заменик на амбасадорот Aнна Каспжак присуствуваше на премиерата на претставата „Тестостерон“, која се одржа во Театар Јордан Х.К. Џинот во Велес.
Претставата е македонска адаптација на дело базирано на полскиот филм во режија на Анджеј Сарамонович. Премиерата се одржа на 27 март, Меѓународни ден на театарот, во рамките на Театарски Фестивал 5РE .
Настанот привлече бројна публика, меѓу која и министерот за култура Зоран Љутков, претставници на локалната самоуправа во Велес, како и љубители на театарот. Ова беше одлична можност да се истакне значењето на културната соработка и промоцијата на полското уметничко творештво во странство.