Back

Македонска премиера на филмот "Амбасадор на сеќавањето"

25.10.2024

1

На 25 октомври годинава во киното Cineplexx во Скопје се одржа македонската премиера на филмот Амбасадор на сеќавањето во режија на Магдалена Желаско, која ја претстави приказната на Станислав Залевски. Овој 99-годишник во 1943 г. бил приведен во Варшава од страна на Гестапо, бидејќи на ѕидовите од зградите во полскиот главен град го исцртувал полскиот борбен симбол. За своите дела бил однесен прво во Аушвиц-Биркенау, а потоа во логорите Гусен.

Филмот е сведоштво за сеќавање на нацистичките злосторства и судбината на Полјаците, Евреите и другите народи кои ја доживеале суровоста на логорот во периодот на Втората светска војна.

Фотографии (3)

{"register":{"columns":[]}}