Прием по повод Националниот празник на независноста
12.11.2024
По повод Националниот празник на независноста, Амбасадата на Република Полска во Скопје организираше прием на кој присуствуваа претставници на македонските власти, институции, дипломатскиот кор, медиумите, невладините организации, како и полјаците и полската заедница во Северна Македонија. Настанот беше можност да се потсетиме на околностите на враќањето на независноста на Полска во 1918 година, по 123 години поделба.
За време на приемот беа доделени одликувања од Претседателот на Република Полска: Крст на витешкиот ред за заслуги на Република Полска за г-ѓа Лидија Танушевска и Златни крстови за заслуги за г. Филип Димевски и г-ѓа Наталија Лукoмска. Сите одликувања беа доделени за промовирање на полската литература. Воената поддршка за оваа пригода беше обезбедена од полскиот контингент во КФОР.
Меѓу присутните гости, беше и вицепремиерот на Северна Македонија, г. Љупчо Димовски.