Концерт на дела од Шопен во Битола
07.11.2024
Како и секоја година во ноември, во пресрет на Денот на независноста на Полска, Музичкото училиште во Битола организираше концерт на дела од Шопен, во изведба на своите ученици. Настанот собра многубројни заљубеници во полската култура и творештвото на Фредерик Шопен. Претставничката на Амбасадата на Република Полска во Скопје, Ана Каспшак, им изрази благодарност на младите музичари и им додели подароци за промовирањето на полската класична музика во Северна Македонија. На раководството на училиштето исто така му беше предадена постојана изложба посветена на полскиот композитор, која ќе ги краси просториите на оваа институција.
Фотографии (8)
Прикажи ја фотографијата 1 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 2 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 3 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 4 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 5 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 6 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 7 од галеријата.
Прикажи ја фотографијата 8 од галеријата.