Посета на Државното музичко училиште во Битолa
27.04.2026
На 27 април, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора ја посети Државната музичка школа во Битола, каде што оствари средба со директорката м-р Марија Шамоска Буџаковски.
На средбата присуствуваа и г-ѓа Малгожата Мачковска од Друштвото за македонско-полско пријателство „Висла“, како и д-р Јана Четелева Белевска, раководителка на класата по пијано. Притоа беше нагласено значењето на ангажманот на локалната заедница во градењето и унапредувањето на односите меѓу двете земји.
Се разговараше за досегашните заеднички проекти, кои имаат значајна улога во развојот на културната и образовната соработка меѓу Полска и Северна Македонија. Воедно, беше изразена подготвеност за понатамошна активна соработка и реализација на нови заеднички иницијативи.
За време на посетата, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора доби писмо со благодарност за долгогодишната поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје.