Археолози од Торуњ во Валандово
21.09.2026
Ополномоштен Министер Мариуш Бримора го посети археолошкиот локалитет Стакина Чешма во Валандово. На локалитетот во тек се напредни археолошки истражувања на остатоците од римска резиденција од IV век, која се одликува со богата мермерна декорација и уникатни мозаици.
Овој меѓународен проект, започнат во 2024 година, е резултат на успешната соработка меѓу Универзитетот „Миколај Коперник“ од Торун и македонските институции од областа на културата. Со археолошките истражувања раководат Радомир Ивановиќ од Националниот археолошки музеј во Скопје и д-р Јакуб Мосејчик од Институтот за археологија при Универзитетот „Миколај Коперник“.
Особено значајно е активното учество на студентите од Универзитетот „Миколај Коперник“ во Торун. Под раководство и надзор на искусни експерти, тие не само што ги откриваат остатоците од античката архитектура и ги проучуваат древните градежни техники, туку од оваа година се вклучени и во сложени и одговорни конзерваторски активности.
Посетата на Ополномоштен Министер Мариуш Бримора, реализирана во присуство на претставници на македонските власти и директори на институциите надлежни за заштита на културното наследство, беше одлична можност за согледување на досегашните резултати од проектот и за истакнување на значењето на заедничките напори за истражување, зачувување и заштита на античкото културно наследство.