Back

Завршна конференција на ЕУ Твининг-проектот

07.10.2026

Ополномоштен Министер Мариуш Бримора

На 7 октомври во Скопје се одржа завршната конференција на ЕУ Твининг-проектот „Поддршка на инспекциските служби за превоз на патници и стока“, чиј водечки партнер беше Главниот инспекторат за патен транспорт на Полска.

На настанот присуствуваа Ополномоштен Министер Мариуш Бримора, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ и заменик-министерката за транспорт на Северна Македонија Калтрина Зеколи Шаќири.

Речиси две години, полски и хрватски експерти, заедно со своите колеги од Северна Македонија, работеа на зајакнување на системот за контрола на патниот транспорт во земјата. Во рамките на проектот се работеше на унапредување на законската регулатива и процедурите за контрола, развивање програми за обука и зајакнување на стручните знаења и капацитетите на службите надлежни за контрола на патниот транспорт.

Проектот претставува значаен придонес кон соработката меѓу Полска, Хрватска и Северна Македонија, со цел унапредување на безбедноста на патиштата и зголемување на ефикасноста на контролите во патниот транспорт.

Решенијата и знаењата развиени во рамките на проектот претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на системот за контрола и продолжување на соработката меѓу надлежните институции на трите земји.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}