Back

Предавање во Струга по повод 20-годишнината од членството на Полска во ЕУ

07.11.2024

1

По повод 20-годишнината од пристапувањето на земјите од Централна и Источна Европа во ЕУ, Делегацијата на ЕУ во Скопје, во соработка со своите институции, организира средби со претставници на амбасадите на овие земји низ цела Северна Македонија.

На 7 ноември во Струга, во просториите на Европската куќа, беше организирана средба со в. д. Амбасадорката Ана Каспшак, која на присутните гости им го приближи периодот пред пристапувањето на Полска, нејзините преговори со ЕУ и придобивките што Полска ги има од членството во ЕУ во изминатите 20 години. Таа исто така одговори на бројни прашања кои беа насочени кон полско-македонската соработка и размената на искуства во областа на европската интеграција.

Фотографии (7)

{"register":{"columns":[]}}