Back

Комеморација за загинатите војници во Сопот

02.11.2024

4

На 2 ноември оваа година го одбележавме споменот на двајцата полски војници - наредникот Павел Легенцки и наредникот Пјотр Микуловски, кои загинаа во Сопот на 4 март 2003 година додека ја извршуваа мировната мисија на НАТО Allied Harmony.

В.д. амбасадорката на Република Полска, Ана Каспршак, со членови на полскиот воен контингент КФОР оддаде почит и  положи цвеќе на местото каде се чува споменот на нашите војници. На комеморацијата присуствуваа и членови на македонската полска заедница.

Фотографии (6)

{"register":{"columns":[]}}