Екскурзија по повод Националниот ден на независноста
10.11.2024
По повод Денот на националната независност, учениците од училиштето за полски јазик во Скопје, беа на еднодневно патување до живописното Кратово и с. Куклица во неговата оклина, кое е познато по необичните Камени кукли. Патувањето беше одлична можност да прославиме заедно, да се дружиме и да ја откриеме убавината на Северна Македонија. Им благодариме на сите учесници за прекрасната атмосфера и незаборавните моменти.