Одбележување на Денот на независноста
08.09.2026
По повод 35-годишнината од независноста на Северна Македонија, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора учествуваше на одбележувањето на Денот на независноста, што се одржа во Собранието.
Потоа положи венци на гробовите на првиот претседател, Киро Глигоров, првиот премиер, Никола Кљусев, и претседателот Борис Трајковски. На одбележувањето присуствуваа и Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, претставници на државните институции и организации, како и членови на дипломатскиот кор.