Back

Национално Читање 2024

14.09.2024

8

На 14 септември 2024 г. , Амбасадата на Република Полска во Скопје ја организираше втората едиција на настанот „Национално читање“, кој се организира од 2012 г. по почесно покровителство на претседателската двојка. За време на овогодинешната кампања во Музејот на град Скопје се одржа заедничко читање на делото Кордијан од Јулиуш Словацки.

На програмата беше претставен уникатен монолог на „Кордијан на врвот Монт Блан“ во изведба на студент на Полонистика на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и заедничко читање на фрагменти од делото од сите кои имаа желба. Во акцијата се вклучија и децата од полското училиште во Скопје.

Фотографии (8)

{"register":{"columns":[]}}