Back

Средбата со министерот за внатрешни работи

22.02.2024

m

Полска со години ја поддржува Северна Македонија во делот за заштита на границите и внатрешната безбедност. Полската гранична служба од 2016 до 2023г. помага во обезбедување на македонската граница со Грција. Сега полските службеници ја продолжуваат мисијата во рамки на операцијата Фронтекс.

Во јануари полското Министерство за внатрешни работи и администрација, заедно со македонското Министерство за внатрешни работи, ја започнаа имплементацијата на проектот МАНОМА, чија цел е управување со миграцијата и центрите за мигранти и азиланти. Партнери во овие активност се Канцеларијата за странци на Полска и Граничната полиција.

Фотографии (2)

{"register":{"columns":[]}}