Средба со Градоначалникот на Битола
27.04.2026
На 27 април, Ополномоштен Министер Мариуш Бримора се сретна со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на неговата прва официјална посета на Општина Битола.
За време на средбата беа разгледани можностите за понатамошна соработка, со посебен акцент на зајакнувањето на економските односи. Се разговараше и за културата и уметноста, при што беше истакнат потенцијалот на градот сместен во подножјето на планината Пелистер.
Градоначалникот Коњановски ги претстави градот и неговите развојни можности. Средбата беше насочена кон унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.