Back

30-годишнина од вишеградската соработка

Пред триесет години, на 15 февруари 1991 г., претседателите на Полска и Чехословачка како и премиерот на Унгарија во замокот во Вишеград во Унгарија ја потпишаа Декларацијата за соработка во стремежите кон европска интеграција помеѓу Чешка и Словачка Федеративна Република, Република Полска и Република Унгарија.

Декларацијата создаде политичка рамка за широка полско-чехословачко-унгарската соработка и за приближување на општествата на нашите три,  а потоа и на четири држави. Првичната цел на соработката беше стремежот за целосно враќање на државната независност,  демократијата и слободата, елиминирање на знаци на тоталитарниот систем, градење парламентарна демократија, почитување на човековите права и на основните слободи, создавање пазарна економија и целосно интегрирање во европскиот политички, економски и безбедносен систем и законодавство. Симболична кулминација на оваа прва фаза, која отвори и нови можности  за вишеградска соработка, беше пристапувањето на нашите земји  во Северноатлантскиот сојуз, а потоа и во Европската унија.

Денес, земјите од Вишеградската група се уште, освен пријателството  и добрососедската соработка, ги поврзува свеста за слични социјални  и економски предизвици, разбирањето на вредноста на регионалната солидарност и волјата за остварување на заеднички цели во европската и надворешната политика.

Од триесетгодишната перспектива, Вишеградската група стана не само еден од симболите на нова, обединета Европа и успешна политичка и економска транзиција на земјите од нашиот регион, туку и пример за ефкасен формат на регионална соработка во рамките на Европската унија, кој учествува  во заедничкото обликувањео на нејзините политики и зајакнувањето на нејзината економска конкурентност.

Сепак V4 не е само политичка соработка. Една од амблемските институции на нашата соработка е Меѓународниот вишеградски фонд, кој работи  од 2000 г. и кој досега има доделено скоро 2.400 стипендии и поддржано спроведување на без малку 6.000 проекти на невладини организации, локални самоуправи, научници и уметници главно во нашите 4 земји, но и во земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Драго ни е што толку важен јубилеј на Вишеградската група припаѓа за време на полското претседателство со Групата, кое трае од јули 2020 до јуни 2021 година.

Видео

{"register":{"columns":[]}}