Back

33. „Шопенова вечер" во Битола

06.11.2026

33. edycji Wieczoru Chopinowskiego

На покана на Државното музичко училиште во Битола, Oполномоштен Mинистер Мариуш Бримора присуствуваше на 33. издание на „Шопенова вечер“, кое се одржа на 6 ноември 2026 година во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола.

На концертот, учениците од Државното музичко училиште во Битола изведоа дела од големиот полски композитор Фредерик Шопен, оддавајќи му почит на неговото исклучително музичко творештво и богатото културно наследство.

Настанот го организираа Здружението за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“ од Битола и Амбасадата на Република Полска во Скопје, во соработка со Државното музичко училиште во Битола. Веќе повеќе од 30 години, „Шопенова вечер“ претставува значаен настан за промоција на полската култура и музичко наследство во Северна Македонија.

Фотографии (5)

{"register":{"columns":[]}}