Полска вечер на фестивалот „Охридско лето"
19.08.2026
Полската вечер на „Охридско лето“ ја обедини музиката на Фредерик Шопен со џез, свинг, боса нова и современи музички изрази.
Стан Брекенриџ и квартетот „Глам“ ја претставија полската музичка традиција во ново, современо и енергично издание. Уметниците го изведоа проектот „Reimagined Chopin“, во рамките на кој познатите дела на композиторот добија ново звучно руво преку нивното поврзување со џезот, боса новата и современите музички аранжмани.
Концертот се одржа во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и претставуваше одлична можност за претставување на полската култура и современите уметнички остварувања инспирирани од музичкото наследство на Шопен. Публиката уживаше во настапот на пијанистот Стан Брекенриџ и квартетот „Глам“, чии интерпретации беа проследени со голем интерес и наградени цо цилен аплауз.
Во рамките на настанот, генералниот директор на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи пригодна плакета на Опуномоштен Министер Мариуш Бримора. Плакетата беше израз на признание за неговата исклучителна поддршка на настанот, како и за неговиот придонес кон унапредувањето на културната соработка меѓу Полска и Република Северна Македонија.
Полската вечер веќе 17 години е традиционален дел од програмата на „Охридско лето“ и значајно придонесува за зајакнување на културните врски и пријателството меѓу Полска и Северна Македонија.