Средба со министерот за култура и туризам
07.08.2026
Денес Ополномоштен Министер Мариуш Бримора оствари средба со новоименуваниот министер за култура и туризам, Седат Сулејмани. Во текот на разговорот беше разгледана можноста министерот Сулејмани да ја посети Полска по повод учеството на Театар Комедија на Меѓународниот фестивал „Гомбрович“ во Радом. На 11 октомври театарот ќе ја изведе македонската постановка на драмата „Ивона, принцезата од Бургундија“. Средбата беше искористена и за размена на мислења за планираните полско-македонски проекти во соработка со Националната опера и Музејот на современата уметност во Скопје. Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката во областа на туризмот, како и за понатамошен развој на туристичката размена меѓу Полска и Северна Македонија.