Back

65-годишнина на македонската полонистика

04.10.2024

1

Оваа година полонистиката на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ прослави 65 години постоење. Што ја прави една од најстарите полонистички насоки во светот.

По тој повод беше организирана богата прослава за јубилејот, односно 12 Меѓународна полско-македонска научна конференција, свечености на Филолошкиот факултет и амбасадата на Република Полска во Скопје,  изложба на полски филмски плакати на Универзитетот, а исто така и промоција на книгата на Дионисиос Стурис „Нов живот. Како Полјаците им помагаа на бегалците од Грција“.

Низ годините, катедрата за полска филологија едуцирала многу дипломци кои ги поврзале своите животи, и приватно и професионално, со Полска. Таа секогаш соработувала со полската дипломатска мисија во Скопје и на најдобар можен начин ја промовирала Полска, нејзиниот јазик, култура и историја.

Фотографии (7)

{"register":{"columns":[]}}